Пруги во ентериерот – дајте и нов изглед на дневната соба

0

Стариот и веќе слушнат совет дека мала просторија не трпи премногу детали и бои, треба да се заборави. Напротив, деталите и примероците од модели на пруги на просторот можат да му дадат нов живот, дури и да го зголемат.

soba 3

Креативно и разиграно со пруги. Во ваква дневна соба преполна со детали сепак најголемо внимание привлекува пругастиот ѕид. Ако не сакате да го пребојувате целиот ѕид, во тој случај наједноставното решение е да купите тапети со таков дизајн и да ги залепите. На тој начин визуелно ќе ја проширите собата.

Светлата и разиграна дневна соба може и визуелно да се издолжи, ако во неа ставите некој поголем детал со вертикални пруги, како малата наткасна на фотографијата.

soba 4

Класичниот стол со едноставен дизајн обогатен со пругаст принт на самото седиште е иделно решение за разноликост, ако сакате да го промените изгледот на веќе видениот стол. Тоа може да се реши на два начина со перниче ставено на столот или пак да ја промените ткаенината односно да го претапацирате.

soba 5

soba 7

soba 8 soba 6

Нов изглед на стариот дом за потполно уживање!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.