Португалија е новиот европски шампион во фудбал

0

Фудбалската репрезентација на Португалија за првпат во историјата ја освои титулата шампион на Европа, откако синоќа во финалето на „Стад де Франс“ во Сен Дени ја победи Франција со 1:0 по продолженија. Победничкиот гол го постигна Едер во 109-тата минута.

Иако домаќините имаа повеќе шанси, сепак не успеаја да ја затресат мрежата на одличниот португалски голман Руи Патрисио.

Португалија поголемиот дел од мечот го одигра без капитенот Кристијано Роналдо кој поради повреда на левото колено во 25-тата минута со солзи го напушти теренот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар