Прованса, парче земја со рајска убавина

0

Провансае регион во југоисточна Франција на Медитеранот, кој се граничи со Италија. На регионот Прованса се простираат департаментите Вар, Воклиз , Устие на Рона, Горнопровансалски Алпи, Приморски Алпи и Горни Алпи. Римјаните овој регион го нарекле Нарбонска Галија или Галија Трансалпина, прва римска провинција која не се простирала на Алпите. Оттука го добила и името.

Со површина од 930 км2, Камарг претставува најголема делта на Западна Европа(технички е остров, бидејќи е опколен од сите страни со вода ). Тоа е огромна површина од големи морски лагуни, одделен од морето со песочници и опкружен со мочуришта покриени со трска .

На Камарг живеат повеќе од 400 видови на птици, а во морските езерца живее фламингото. Во мочуриштата живеат многу видови на инсекти и еден од најопасните комарци. Камарг е познат и по биковите и коњите.

Ако Приморските Алпи се сметаат за дел од Прованса тогаш тие претставуваат најголем врв во регионот. Тие ја формираат границата меѓу францускиот департемент Приморски Алпи и италијанската провинција Кунео. На овие алпи се наоѓа националниот парк Меркантур.

Алпиље претставуваат мал ланец од планини кој се наоѓа 20 км јужно од Авињон. Тие не се многу виссоки планини, нивната највисока точка изнесува само 387 метри. Алпиљите се издигаат од долината на реката Рона. Опсегот е околу 25 км долг, а широк од 8-10 км. Се протега од исток кон запад меѓу реките Рона и Дуранс. Пределот на Алпиљите е со сув варовник одделен со суви долини.

Најпознатата планина во Прованса е планината Сан Виктоар. Сликарот Пол Сезан ја нацртал оваа планина од својот дом бидејќи имал поглед кон неа. Планината се протега на 18 км меѓу Устието на Рона и Вар. Пик де муш е највисоката точка со 1011 метри.

 

Полуостровот Сен Тропе е дел од Масивот Мавар заедно со полуостровот Жиен и островите од десната страна на Јер, Поркерол, Порт-Крос и островот Левант. На Масивот Мавар геолошки му припаѓаат ’ртот Сицие , западно од Тулон и Масивот Танерон.

 

Пештерата Коске е подземна пештера во заливот Моржиу. Се наоѓа на длабочина од 37 метри. Била населена за време на палеолитот, кога морското ниво било многу пониско во споредба со денешното. На ѕидовите има слики и резби кои датираат меѓу 27.000 и 19.000 години п.н.е. На ѕидовите се прикажани бизони, козорог, коњи, фоки и норче.

Во поголемиот дел од Прованса преовладува медитеранска клима. Оваа клима се карактеризира со жешки и суви лета, блага зима со малку снег и многу сонце. Постојат микро клими и локални варијации, од алпската клими од Ница до континентална клима во северен Воклиз. Ветровите се важна карактеристика на климата, особено мистралот, студен, сув ветер кој дува по долината на реката Рона до департементите Устието на Рона и Вар и најчесто достигнува брзина од 100км/час.

Кујната од Прованса е резултат на топлата и сува медитеранска клима.  Необработените предели се добри за пасење на овци и кози, а надвор од долината на Рона ровката почва е погодна за земјоделство и на брегот има изобилство од морски плодови. Основните продукти се маслинки, маслиново масло, лук, сардини, морски ежови и октоподи, јагнешко и козјо месо, слануток, локални овошја-грозје, праски, кајсија, јагоди, цреши и најпознатите дињи од Кавајон.

Во Прованса, на менијата најчесто можете да нарачате барбун, мала црвена риба која се јаде печена на скара и лубин, печена на скара со анасон и гранки од грозје.

Аиоли е густ сос направен од маслиново масло и малку лук. Најчесто се служи со бурид, рибја супа или со компири и бакалар. Има онолку рецепти колку што има жители во Прованса.

Бујлабес е класично морско јадење на Марсеј. Традиционално се готви со три вида на риба: морска риба со отровни перки, црвеношијка и угор, а се додаваат и друг вид на риби и школки за вкус како што се ковач, жабница, морски еж, морски рак и морски пајаци. Мирудиите се исто толку важни. Од нив се користат сол, пипер, кромид, домат, шафран, анасон, жалфија, мајчина душица, ловоров лист, понекогаш се става лушпа од портокал и чаша вино или коњак. Во Марсеј рибата и супата се служат посебно. Супата се служи со тенко сечени парчиња леб со сосот руј.

Брандад де Мору густ крем кој се подготвува од бакалар со маслиново масло, млеко, лук, а понекогаш се додава и тартуф.

Прованса е едно оние места кои мора да се посетат барем еднаш во животот. Тука можете да ја почувствувате душата на Франција, да ја доживеете онаа страна која е необработена, која е природна и прекрасна.

Извор:Wikipedia

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.