Прошетките во шума го чуваат нашето здравје

0

Јапонските научници тврдат дека престој од половина час во шума придонесува за јакнење на нашиот имунитет и го штити нашето здравје во текот на наредните шеесет дена. Овој метод на подобрување на имуниот систем тие го нарекуваат  Shinri-ioku  што во буквален превод би значело „капење во шумата“. Како што знаеме, силниот имунитет е многу важен во заштита од канцерогените заболувања.

Како јапонските научници го објаснуваат ова нивно тврдење?

Освен што прошетките во шума ослободуваат од стрес, го намалуваат крвниот притисок и го регулираат пулсот, тие имаат уште една страна која е позитивна за нашето здравје.

Дрвата во шумите и останатите растенија испуштаат финтонциди – антимикробни органски состојки кои се заслужни за уништување на бактериите во човековото тело. Пешачејќи во длабока и незагадена шума, вдишувајќи ги финтонцидите ние го подобруваме нашето здравје, според јапонските научници.

Според нивните досегашни истражувања, прошетките во шума влијаат добро врз хормоналниот баланс, го намалуваат ризикот од дијабетис тип 2, прекумерена телесна тежина и кардиоваскуларни заболувања.  Одењето низ шума исто така е добро за нашата кондиција, правилна циркулација и психичкото здравје. Сте сакале да признаете или не, престојот во шума на сите би ни бил добредојден.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар