Пронајдени остатоци од потоната едрилица од 19 век

0

Остатоци од едриличарскиот брод „Лизи Труп“ се пронајдени кај западниот брег на езерото Мичиген.

Здружението за потрага по остатоци од бродови во Мичиген соопшти дека трупот на бродот потонат 1873 година лежи на дното од езерото на околу 25 километри северозападно од градот Саут Хејвен на длабочина од 85 метри.

Едрилицата отплови на 16 октомври 1873 година за Чикаго, но бродот со должина од 26 метри потона погоден од силна бура.

Двајца од шестчлениот екипаж ги загубиле животите при несреќата.

Извор: mia.mk

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот