Пронајдена најголемата вселенска црна дупка досега

0

Црните дупки се енигмa за научниците уште од нивното пронаоѓање.
Последно откритие на оваа тема беа објавените фотографии од раб на црна дупка во април оваа година, додека сега е забележана најголемата црна дупка во вселената.

Д-р Киануш Морган и екипата во Институтот Макс Планк ја откриле најголемата црна дупка досега забележана, околу 700 милиони светлосни години оддалечена од Земјата, во срцето на галаксија наречена Холм 15А.

Тоа е приближно двојно поголема од рекордната црна дупка во центарот на галаксијата NGC 1277, што е 11 пати поголема од орбитата на Нептун околу сонцето. Истражувачите веруваат дека црната дупка во Холм 15А е најмалку 10.000 пати поголема од црната дупка на нашата домашна галаксија

Истражувачкиот тим користел податоци од многу голем телескоп, како и дополнителни податоци од опсерваторијата Ла Сила, со кои управува Европската јужна опсерваторија во пустината Атакама во Чиле.

Интересен е податокот дека истите телескопи биле користени за снимање на иконската прва фотографија од хоризонтот на црната дупка. Тимот успеал да ги искористи податоците за да ја мапира структурата на галаксијата Holm 15A во извонредни детали. Потоа се користела за да се извршат симулации и да се проучи формирањето на галаксијата и центарот на црната дупка.

Истражувачите сметаат дека е можно црната дупка да ги проголта sвездите околу неа или да ги оддалечи.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот