Пронајдена бактерија која јаде пластика

0

Јапонските научници откриле бактерија која разградува пластика и потоа ја користи како енергија, што се гледа како можност за ефективно разгредување на отпад.

Новооткриената бактерија Идеонела Сакаиенсис која јаде пластика, користејќи два различни ензими кои хидролизираат ПЕТ, материјал кој се користи за производство на амбалажи за храна и пијалок, и после процеста позади себе остава две супстанци, кои за природата не се штетни.

Ова откритие би можело да биде многу добра вест за заштита на животната средина според Си-Ен-Ен. Анализата на Светскиот економски форум покажува дека само 14 проценти од пластичната амбалажа се собира со намера да се рециклира, како и тоа дека во светските мориња, ако продолжи овој тренд, до 2050 година ќе има повеќе пластичен отпад отколку риби.

plastika

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.