Промотивен концерт на Туна во Македонска филхармонија

0

Алтуна Сејди – Туна, име што веќе е познато на сите генерации љубители на забавната музика, по извесно затишје, како што уметниците го нарекуваат „креативна тишина“, овојпат за посветеност на семејството, се враќа со концерт во Македонската филхармонија на 8 март, во 20 часот во организација на Културно информативен центар-Скопје (КИЦ). Со овој концерт пејачката одбележува две децении кариера и посветеност на музиката. На концертот таа ќе го промовира својот албум „Фортуна“, а ќе изведе и избрани песни што се паметат и што публиката сака да ги пее. Туна издаде неколку албуми од кои се издвојуваат хитовите: „Да живееме“, „Чао мачоман“, „Пироман“, „Туна“, „Нема веќе диктатура“, „Тестамент“, „Психолози“, „Женска сила“, „Инат“, „Сакаме“ и др. Што ќе бидат дел од програмата на претстојниот концерт.

За време на своето дведецениско присуство на музичката сцена таа ги зазема концертните подиуми во својата и надвор од земјава, нејзината музика се искачи на врвот на топ-листите.

Имаше само 15 години кога се појави на музичката сцена. Стана препознатлива по својот уникатен стил и имиџ и веднаш ги освои срцата на љубителите на музиката.

Многумина ја сметаат за енергична девојка, уникатна пејачка на сцената со привлечен глас. Со своите ритмички песни брзо стана популарна во Косово, во Македонија и во Албанија. По стапнувањето на музичката сцена веднаш се најави како победник на фестивалот „Нота фест“ во Скопје. Оваа победа и ги отвори вратите до сите концертни подиуми. Туна, како борбена девојка, смело, со желба да го пренесе својот глас до публиката, ја отпочна својата кариера соработувајќи со звучни музички имиња. Иако млада, доби статус на тренер во музичката програма „X-фактор на Албанија“. Потоа учествуваше во комисии и на други музички фестивали.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.