Промоција на програмата за работа на ЦЕМС за 2018 година со поддршка на партнерите и истакнати македонски спортисти и спортски работници

0

Вчера со почеток во 18ч во конгресна сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ се одржа настан на кој беа поканети да присуствуваат партнерите на Центарот за спортски менаџмент и едукација во спортот – ЦЕМС најголемата невладина организација од областа на спортот.

Здружението за граѓани ЦЕНТАР ЗА ЕДУКАЦИЈА И МЕНАЏМЕНТ ВО СПОРТОТ, преставува нов проект во Република Македонија, кој има за цел да врши повеќе активности за подобрување на здравјето и спортот кај целата популација (деца и возрасни) а ќе се реализира со помош на нашите соработници и одредени институции кои треба да дадат допринос преку својата соработка.

Во контекст на активностите кои се планирани на ова здружение се следните: – Трибини за развој на спорт во градовите низ Р. Македонија – Стручна едукација на повеќе теми кон членовите – партнерите за соработка – Семинари за едукација на спортски менаџери – Организција на меѓународна регионална конференција за инвестициите во спортот и регионот – Организација на летен семинар за спортскиот туризам на РМ – Анализа на законот на спорт во однос на поволностите за инвестирање – Истаржувања и економска анализа за инвестициите во спортот во РМ – Организации на хуманитарни организации

Се говореше и за важната улога на спортот сам по себе во детскиот развој и здравјето, како и за фактот дека треба да се вложи многу повеќе во спортот и спортските активности и младите таленти, кои во нашата држава ги има многу, но немаат можности и услови за да се изградат во нешто повеќе. Затоа тие се стремат да вложат во спортистите за нивно растење во спортски ѕвезди.

„Изразувам голема благодарност на сите членови и партнери на CEMS кои ни дадоа поддршка и доверба за успешно и ефикасно реаизирање на нашите проекти и програма за работа за 2018.

Посебно ми причинува задоволство подршката на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје како и Економски Факултет од Скопје. Со кои партнерски ќе делувам во насока на релаизирање, едукација, истражување и градење системски однос кон спортот во нашата држава.

Како организација ќе делуваме на територија на села република и посебно ќе ја интензивираме соработката со сите општини и Град Скопје во дел на развој и унапредување со спортот. Присуството на докажани спортисти и еминентни спортски работници само не обврзува да бидеме истрајни во остварување на нашите цели кои ги имаме поставено.

Во таа насока би ја истакнал и поддршката на директорот на Агенцијата за Спорт и Млади на Р.М., г-дин Дарко Каевски кој изрази задоволство од идна соработка со CEMS значајна за развој на спортот во нашата држава.

Лицата кои дадоа директна подршка и земаа учество продеканот на Економски факултет – Предраг Трпески, деканот на Факултетот на физичка култура – Д-р Ленче Алексовска Величковска, Адвокатска канцеларија Соња и Сања Божиновски, преставник Соња Божиновска и за здружението „Дајте ми крила“ Ребека Јанковска Ристеска.- изјави Бојан Захариев.

Адвокатот Соња Божиновска, во својата изјава истакна: „Прекрасната идеја за соработка ја понуди харизматичниот г-дин Бојан Захариев. Тој ни презентира една комплексна задача – проект на кој работел повеќе од 2 години со единствена цел: Да се валоризираат вистинските вредности на целата популација (деца и воздрасни), да се воведат здрави навики во областа на здравјето и спортот да размислуваме глобално а да делуваме локално.
За правна заштита ние сме подготвени да помогнеме на сите членови, партнери и пријатели во секој сегмент на активностите кои се предвидени со ова здружение.
– Да се менуваме на подобро!
Во 2018 година ќе имаме голем предизвик за реализирање на целите на проектот, постои оптимизам, без страв дека можеме и мораме да чекориме и градиме кон подобро!“

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.