Промоција на новиот парфем Јоy by Dior, мирисот на радоста

0

Вчера, во хотелот Арка во Скопје се одржа официјалната промоција на новиот парфем од куќата на Dior, Јоy by Dior.

Гостите кои беа поканети на настанот, имаа можност први во Македонија да ја погледнат кампањата за новата креација на Dior, како и да го почувствуваат овој сензуален мирис.

На почетокот на присутните им се обрати Сунчица Величковиќ – Смилјаниќ, бренд менаџер за Dior на компанијата ИТИ Козметик, која ги запозна со приказната за создавањето на новиот парфем.

КАКО НАСТАНА JOY

„Јоу“ – едноставен и краток збор кој носи чувство на живот и радост, чие постоење е посакувано.

Тука е, го чувствуваме,  го сакаме…Но, прашањето е како чувството на радост да се преточи во парфем? Амбиција која стана реалност.  Мирис кој ги пренесува сите животни радости, кој го чувствувате како минува низ телото, кој ја изразува миризливата сензација на постоењето, каде што нема можност за непредвидени случувања.

Мирис кој ги гали сетилата, кој го чекате со отворени раце, кој не остава ниту еден човек рамнодушен. Не можете да дефинирате дали е цветен, свеж или млечен. Но, без разлика на сите карактеристики кои се обидувате да ги дефинирате и не знаете точно кои се, во едно сте сигурни – тоа е мирис кој носи  РАДОСТ(JOY).

Не случајно актерката Џенифер Лоренс е избрана да биде заштитно лице. Извонредна актерка која е вистинска ѕвезда во галаксијата на Dior која му дава карактер на новиот парфем благодарение на нејзината природност и сензуална женственост. Секогаш автентична, блескава, сончева и прекрасна  – таа ја пренесува РАДОСТА на Dior.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.