Промоција на едицијата „Бајки од Македонија“

0

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине“ денеска ќе ги промовира четирите бајки за деца од едицијата „Бајки од Македонија“ кои ги илустрираше 26-годишната Катерина Николовска од Штип. Таа ги илустрира народните бајки „Вејко Северко“, „Двата цара“, „Момчето што се скри во златното јаболко“ и „Девојчето и 12-те месеци“.

Николовска беше избрана како победник на годинашниот конкурс за избор на млади дизајнери – илустратори што го организираше Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“.

Книгата „Бајки од Македонија“ е во издание на „Арс Ламина“, која е партнер во проектот заедно со Институтот за фолклор „Марко Цепенков“.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот