Промоција на документи – Форум за родова еднаквост 2017

0

Утре, 15ти септември со почеток од 11 часот во хотел Holiday Inn во Скопје ќе се одржи отворен настан под името „Промоција на документи, Форум за родова еднаквост 2017“.

Настанот е во организација на Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларијата во Скопје и Прогрес Институт за социјална и родова еднаквост каде ќе се презентираат документите за јавни политики кои што се произлезени од работата на вториот Форум за родова еднаквост, чија цел беше да обезбеди инклузивна платформа за развој и промоција на јавни политики во сферата на родовата еднаквост во духот на вредностите на социјалната демократија.

Како резултат на деталната истражувачка работа на трите групи во рамки на Вториот форум за родова еднаквост, произлегоа документите за политики на тема:

1/ Дефинирање на статусот на еднородителското семејство и неговите членови
2/ Феминизација на наставничката професија во одделенската настава и стереотипизација на воспитните улоги во општеството
3/ Родова дискриминација во медиуми.

Ве покануваме да бидете дел од овој настан.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.