Променете го изгледот, сокријте ги годините!

0

Годините си поминуваат. Со тек на времето нашето лице и тело се менуваат, стареат, се збрчкуваат, немаат еластичнот и можат да издадат кога некој влегол во четриесеттите или педесеттите години на животот. Но, секако постојат некои мали, суптилни трикови кои ќе ви помогант да изгледате помладо, кои не чинат многу пари и кои ќе ви ги скријат годините. Сите оние возрасни дами кои изгледаат многу младолико всушност ги применуваат овие трикови.

Потстрижувањето на шишки е најбрз начин за прикривање на брчките на челото, а се уште попривлечни затоа што го насочуваат вниманието кон очите.

Заборавете на предолгата коса. Предолгата коса само дава постар изглед. Најдобро е должината на косата да биде некаде до рамената. Потстрижете се на слоеви, бидејќи тие и даваат на косата волумен и разиграност.

Со стареењето започнуваат да натежнуваат очните капаци и да ги подзатвораат очите. За да го минимизирате тоа, користете маскара и молив за очи за оцртување на контурите на очите.

kako-da-izgledate-pomlado

Со годините веѓите стануваат поретки, а во некои случаи и побели. Користете молив за оцртување на веѓите или сенка за очи за да им ја вратите густината и силната боја.

Со текот на годините образите кај повеќето жени стануваат повдлабнати и тоа остава впечаток на изморено лице. За да создадете илузија на пополни образи, нанесувајте руменило врз јаболкниците, а не под нив како што се прави за контурирање на лицето.

Обојувањето на ноктите со полу-проѕирни, розови или крем лакови го одвлекува вниманието од старечките дамки кои се појавуваат по кожата на рацете. Долгите нокти пак, го потенцираат присуството на испакнатите вени на рацете или истакнатите ковчиња на прстите. Најдобро е да одржувате должина на ноктите од околу 3-5 милиметри.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот