Пролетен одмор во Хотел “Тино”, Свети Стефан

0

Пролетта ја поздравивме минатата недела, а сега веќе влегува на голема врата. Желбата за одмор не тера да излеземе од канцеларија, од дома и да шетаме на најубавото сонце во годината. Не инспирира да размислуваме за вода, за крајбрежје, за место каде што ќе се чувствуваме комплетно слободни и релаксирани.

Нашиот предлог за следните неколку дена е местото кое ги исполнува вашите услови – Хотел Тино, Свети Стефан. На совршена локација, плажата е пред вас, Охридското езеро ве повикува да дојдете и да се галите со сонцето гледајќи во пролетните бранови.

12919097_10209655905542278_817577932_n

Штом е решена дестинацијата, седнувате во автомобил и куферите ги отпакувате во апартманите на Хотел Тино. Чувствувајте се како дома, со сите потребни реквизити за комплетен пролетен одмор, со тоа што овде имате можност за 24 часовна собна услуга. Сите се љубезни и расположени да одговорат на барањата кои ќе ги имате. Во апартманите имате можност да бидете и дел од светските случувања преку кабловската телевизија, да се опуштите со аперитивите на мини барот.. Бањите се опремени по светски стандарди, а во секој апартман има можност за додатни детски кревети.

12910443_10209655905582279_1391707651_n

Апартманите се опремени со клима уред, интернет конекција, телефон, а имаат две соби, една дневна и една спална соба, широк простор за движење и целосна удобност.

Имате можност и престојувате во собите кои ги имаат на располагање. Како и апартманите, тие се комплетно опремени со се што може да ви биде потребно за време на престојот.

Поглед кој плени и можност што не смеете да ја пропуштите. Дајте си една оддишка од урбаниот живот и дозволете си пролетен одмор каков што заслужувате.

12939684_10209655905422275_2088013092_n

12920996_10209655905502277_35396199_n 12899663_10209655905382274_81551832_n

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.