Пролет во вашиот дом

0

Годинава, февруари нè изненади со пријатни и пролетни температури. Токму затоа, сега е вистинско време да и кажеме збогум на зимата и ширум да ги отвориме портите на нашите домови за Нејзиното Височество, Пролетта. Иако, календарски од пролетта не дели уште месец и пол, сега таа може да ја донесете дома. Деновиве, размислете како на вашиот дом да му дадете пролетен изглед. Се разбира, тука сме и ние за да ве инспирираме во вашиот пролетен декор на домот.

Пролетта е годишно време кое асоцира на зеленило, сонце, сино небо и многу цвеќиња. Не плашете се да ги внесете дома. Вашите омилени цвеќиња ставете ги во саксии кои ќе ги украсите со разнобојни панделки. Посадете ги вашите омилени зачини и билки во шарени тегли и поставете ги во кујната. Обојте еден таван во сино и нацртајте мали облачиња кои ќе ви создаваат чувство на спокој или пак ѕидот во кујната обојте го во жолта боја. Жолтата боја има моќ автоматски да ви го подобри расположението.

48cbf63a-e61d-4156-a245-8bb588931b7b 87f27a09-d6b0-443c-af2c-04664729a616

На секоја маса во домот поставете кристални вазни кои секогаш ќе бидат полни со цвеќе. Или пак, масите украсете ги со стаклени кугли во кои ќе ставите сезонско овошје или бонбони во разнобојна хартија. Набавете си шолји за кафе со цветни мотиви.

Доколку размислувате за поголема инвестиција на тема „пролет во вашиот дом“ купете цветни покривки, теписончиња, завеси, крпи, цветни перничиња за троседите…

Пеперутките се исто така симбол на пролетта. Може сами да ги направите од разнобојна хартија, светкави монистра, пердувчиња и со нив да ги украсите завесите, шкафчињата, ѕидовите. Ако креативноста и не ви е најсилна страна, секогаш може да си го почестите своето гнездо со 3Д стикери или тапети.

436b2187-5533-48db-9bcc-560acdfc5f81 1224afab-7c14-4afa-a737-8db7b560df64

Еден ѕид, украсете го со разнобојни дрвени рамки. играјте со зелената, сината, жолтата, розовата, црвената, портокаловата. Наредете многу рамки, во мали димензии. Пуштете ја фантазијата. Сместете ги вашите омилени пролетни фотографии во рамките, цветни принтови или исушете по некое цветче и имајте ѕиден хербариум.

Пролетта е совршено време вашиот дом да изгледа убаво, свежо и весело, а вие да бидете максимално креативни.

1feea7a7-7110-405e-a454-11da93f113f3 7ad16ee3-b2e7-4ed8-b839-96522fd614d9 38d167ac-114d-403e-a25b-125fa65793fb a11ed832-992c-4e95-b838-fbbfe0d2e3c6 b055ae59-7d16-4bd6-952c-016c110d191b

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.