Пролет – најдобриот потсетник за тоа колку добро изгледаат вашите нозе во #LaDama

0

Во сезоната на цветните фустанчиња и кога разните дезени на сукњи се дел од секој наш ден, хулахопките и чорапчињата се неизбежни модни додатоци за истакнување на нежноста и сензуалноста на секоја девојка и жена. Зависно од желбите и потребите, како и стилот на облекување, ќе пробаме со неколку совети да ви го олесниме изборот на соодветен пар хулахопки или чорапи за оваа радосна сезона.

 За Ла Дамите кои обожаваат хулахопки со нежен сјај  и умерено обликување на нозете, колковите и задникот, препорачуваме 20 денски проѕирни хулахопки со сатенски сјај, кои се идеални во комбинација со широки и тесни пролетни фустанчиња, сукњи и шорцеви.

Додека пак, за Ла Дамите кои преферираат матирани хулахопки и сакаат инстантно да ги обликуваат стомакот, колковите и задникот, препорачуваме 20 денски проѕирни мат хулахопки со обликувачки ефект, кои се супер во комбинација со прилепени модели на фустанчиња и сукњи, изработени од потенок и полесен материјал.

Зависно од вашиот стил на облекување, како и пригодата овие два типа хулахопки може да ги носите и со патики, балетанки, или пак чевли на високи потпетици и да одговорите на различните модни стилови – од секојдневна лежерна комбинација до класична елегантност.

Со голем број варијации, квалитет и достапност во секој момент, топло ви ги препорачуваме производите на Ла Дама, кои дополнително ќе ја разбудат пролетната насмевка на вашето лице.

Компанијата Л-Д ДОО Струмица, чиј бренд е Ла Дама (La Dama), е меѓу првите македонски производители на женски и детски хулахопки и чорапи, со 25 годишна традиција и присутност на нашиот пазар. Ла Дама хулахопките може да ги најдете во над 500 продажни места и тоа – локални маркети, специјализирани продавници, како и сите големи и супер маркети во вашиот град. Ла Дама во своето портфолио има повеќе од 13 модели хулахопки и чорапи, достапни во повеќе од 3 бои и 2 до 5 големини зависно од моделите.

За повеќе детали, посетете ја Facebook fan страната на овој бренд.

Среќно во изборот, наши Ла Дами!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.