Пролет/лето трендови за 2017 година

0

Оваа година е инхерентно – оптимистичка сезона во духот на 80-тите години.

Оваа сезона истакнати се неколку трендови: необични ракави, жолта боја во сите нијанси, карнери, цветни дезени и асиметричните кроеви.

Доколку сте лежерен тип, тогаш одличен избор за секојдневна – модерна комбинација е џинсот со висок струк во комбинација со весела нијанса на високи потпетици и кружни метални аксесоари.

Доколку сакате да бидете панк принцеза тогаш проѕирните – пикабу фустани од тул и везови се совршениот моден избор за вас.

Ако пак сакате да го истакнете вашиот весел дух или да ја разбудите позитивната енергија, тогаш бидете храбри во изборот на доминантни бои или парчиња со впечатливи цветни дезени.

Оваа пролет разиграјте ја со чевли во боја во комбинација со парче во асиметричен крој.