Произведен алкохол кој не предизвикува мамурлак

0

Северна Кореја се пофали дека има производ кој е сон на целиот свет – алкохол без последицата мамурлак.

Локален весник во Пјонгјанг тврди дека фабриката “Taedonggang Foodstuff Factory” веќе со години го усовршува рецептот и конечно го постигнале посакуваниот резултат. Бидејќи станува збор за Северна Кореја, тие никогаш нема да го откријат рецептот или да го поделат со светот, но откриваат една од методите односно дека прегорениот шеќер го замениле со ориз.

Останатиот свет е скептичен околу новиот пронајдок. Андреј Абрахамиан, научник кој редовно ја посетува земјата, тврди дека не постои можност алкохолен пијалок да не предизивкува мамурлак. Од прва рака не можеме да ја провериме информацијата, но секако би било одлично доколку ваков пијалок добие широка потрошувачка.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.