Програма на 10. Издание на МТФ „СкупиФестивал” 2016

0

Десетото јубилејно издание на Меѓународниот Театарски Фестивал „СкупиФестивал” ќе се одржи од 3 до 9 ноември 2016 година, во просториите на Младинскиот Културен Центар – Скопје.

Од 3 ноември публиката ќе има можност да проследи седум претстави кои ќе се изведуваат на сцената во Сала Фросина – МКЦ. Програмата содржи претстави кои варираат од светски класици до современи авторски проекти. Фестивалот ќе биде отворен со безвременската италијанска комедија „Слуга на двајца господари” на Карло Голдони, во продукција на Професионалниот Театар Призрен од Косово, а на затварањето ќе биде прикажана претставата „Жозефина” на независниот театар Шаливате од Брисел, Белгија. Во останатите денови ќе можат да се проследат претстави на гостувачки театри од Турција, Република Чешка, Унгарија, Бугарија и Албанија.

Целосната програмата може да се проследи на официјалната веб-страница www.skupifestival.orR.mk .

Во текот на фестивалот ќе биде промовирана и монографијата објавена по повод 10 годишното постоење на фестивалот.

Билетите по цена од 150 денари, почнувајќи од денеска, ќе можат да се купат на билетарницата на МКЦ или да се резервираат на bileti@mkc.mk.

МТФ „СкупиФестивал” 2016 е поддржан од Министерството за Култура на РМ и Советот на Град Скопје.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.