Професии што ќе бидат најдобро платени во иднина

0

Пред почетокот на студиите секој човек размислува за работата што го привлекува, ама уште повеќе, за работата што верува дека ќе биде добро платена.

Еден период имаше многу економисти, инженери, правници… Денес, младите повеќе се насочуваат кон информатичкиот сектор.

Но, сте се запрашале ли кои работи ќе бидат добро платени во иднина? Времето на адвокатите, банкарите и на брокерите полека изминува.

Нега на стари лица и вертикални фармери

Според британскиот Телеграф, светската популација старее, а бројот на новороденчиња е сè помал. Ова е причината што на старите лица ќе им биде потребна нега.

Истиот извор вели дека ќе треба да се најдат и нови извори за храна, па дека луѓето ќе се враќаат кон селото, со што ќе се развие таканареченото вертикално земјоделство. Всушност, ова значи вертикално одгледување на генетски модифицираните прехрамбени производи – за да се заштеди на простор и за да се добие голема количина храна.

Според нив, генетски модифицираната храна ќе стане секојдневие, а органската храна ќе се исфрли од употребата заради лошите услови за нејзино одгледување.

Селење од една во друга компанија и едукација

Тие што знаат да програмираат ќе го креираат светот во којшто живееме, па затоа сите што имаат малку талент или желба за ова треба да се насочат кон ова поле.

Според футурологот и деловниот психолог Керен Молони, професијата како „хаптички програмер“ односно лица што ја користат науката за да развијат производи и услуги, ќе бидат многу барани и платени.

Но, таа додава дека одамна заврши и времето кога едно лице го минуваше целиот свој живот во една компанија, па дека селењето од една на друга работа во период од 2-3 години ќе земе уште поголем замав.

Листа на најдобро платени професии во иднина

Ова се работните места кои (најверојатно) ќе бидат најдобро платени во иднина:

1.Дигитален архитект кој ќе дизајнира виртуелни згради за пропагандни пораки
2. Негувател на стари лица во старечки домови
3.Консултант за подобро живеење на старите лица
4. Лице што ќе изработува делови од телото за спортисти или за војници
5. Вертикални фармери
6. Контролор на климата, т.е лице што ќе ги контролира и менува временските обрасци
7. Лица што ќе дизајнираат холограми
8. Брокер за време – човек што ќе управува со вашиот вишок на време што ќе може да му го понуди на некој друг за пари
9. Личен менаџер за брендови
10. Хаптички програмер

Што мислите, можете ли да се пронајдете во некоја од овие професии?

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот