Професии на иднината

0

Изборот на образование и кариера зависи од желбите и можностите на луѓето. Но, сепак мора да се следат и трендовите и потребите од различните занимања.

Постојат професии кои според претпоставките на експертите и развојот на технологијата, полека ќе исчезнуваат, како на пример војници, консултанти, помошници, градежни работници и чистачи (се претпоставува дека сите овие занимања ќе бидат заменети со роботи).

Но, се разбира ќе има и професии кои многу ќе се бараат на пазарот за труд и во иднина.

Едно од најбараните занимања во иднина ќе биде занимањето хемиски инженер, машински инженер како и електроинженер. Потребата од обновливи извори на енергија секој ден сè повеќе се зголемува, а инженерите од овие области можат да овозможат најдобри можности за постигнување на ова.

Речиси сè денеска зависи од компјутерите, па така и во иднина ќе има многу поголема побарувачка од програмери, развивачи на апликации, координатори на онлајн кампањи…

Развојот на нанотехнологијата и биотехнологијата се движи забрзано, и во иднина занимањата во оваа област како биохемичари и биотехнолози ќе бидат многу побарани.

Развојот на технологијата исто така ја побудува и се поголема потреба од лекари и фармацевти. Се бараат начини за лечење на генетските болести, како и истребување на заразите и лечење на тешките заболувања како на пример ракот.

Животните и храната која потекнува од нив е многу важна, и покрај технолошкиот напредок тешко дека ќе можеме да „израснеме“ месо во лабораторија.

Социјалните кариери како на пример психолози и советници ќе бидат сè побарани, особено поради побрзото темпо на живот и проблемите кои неминовно ги носи таквиот начин на живот.

Исто така, неколку професии со сигурност нема да излезат од мода како што се адвокати, политичари, писатели, уметници, и забавувачи.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот