Проекција на себе во ликот на партнерот

0

Секоја една личност која е на патот на себе-спознавањето, верувам дека сака да има чиста слика за тоа што влијаело најмногу врз нејзиното однесување, мислење или чувствување за да биде стане личноста која што е во моментот.

Но, за тоа да го добие ова сознание, секој еден од нас треба внимателно да го анализира својот живот за да се потсети на што се бил изложен/а за време на првите години од својот живот. Во тоа патување кон себе, потребно е да се направи соочување и интроспекција на сите реакции – бунтувања, замрзнувања или повлекувања, на различните влијанија. Без разликадали сами ќе го анализирате својот живот или со некој професионален терапевт, несомнено е дека треба да се вратите назад за да откриете што е тоа што го сте го пропуштиле преку лекциите што сте ги добивале низ вашите животни случки и искуства.

Во тоа патување кон себе најкорисно е прашањето:

Што научив од тоа искуство ?

Дали ова ми се има случено и друг пат и која лекција сум ја пропуштил тогаш?

Освен тоа, во овој процес многу е важно да анализирате кои надворешни влијанија сте ги имале за да го одиграте искуството. Кога зборувам за надворешни влијанија, мислам на влијанието на оние кои ве негувале и чувале во најраните години, (најчесто тоa се родителите, некогаш се баби и дедовци, а некогаш некој старател или друга значајна личност која била присутна за нас во тој период). Во истиот контекст треба да ги анализирате и обичаите на вашата фамилија:  навиките, мислењата, однесувањата, образованието, интересите итн.

Но, несомнено е дека најзначајно влијание врз нас самите сигурно имаат извршено нашите родители, чие што влијание директно се наоѓа во нашата потсвест и треба да е предмет на наша индивидуална анализа.

Дури и да сте имале среќно детство, секогаш причините за тоа што сте сега лежат таму.

Тука морам да истакнам дека не е важно дали нечиј живот бил добар или лош, среќен или несреќен, дали искуствата се страшни или безначајни, важно е како личноста реагирала на случките во својот живот и до која мерка тие случки влијаеле врз сегашниот негов живот. Листата на однесувања мислења и емоции кои сме ги презеле од нашите родители треба да се истражат за да се види раното програмирање на личноста.

Па така, едно новороденче кое влегува во свет, тоа влегува во фамилија каде има веќе воспоставени обрасци на однесување, мислење и чувствување од страна на неговите родители. Со сигурност знаеме дека однесувањето на нашите родители дирекно влијае врз нас, бидејки нашето преживување тогаш како бебиња зависело од моќта и способноста на родителите како наши авторитети, но и од способноста за наша адаптација на нивните потребии и барања кон нас. Некогаш нереализираните очекувања на родителите, желбите и амбициите се трансферираат врз животот на детето и однесувањето, кога ќе порасне личноста ќе биде во согласност со нивните проекции.

Проекција: Анимус и Анима

Сите луѓе на светот, свесно или несвесно трагаат по единство, спојување со себе, внатрешен мир и баланс. Сите се стремат кон единство со себе и единство со спротивниот дел од нас. Но за да станеме едно со себе, треба да избегнуваме да се проектираме во личностите со кои доминантно комуницираме и да очекуваме дека другата страна е тука да ги задоволи сопствените или туѓите потреби. Овие проекции го спречуваат нашиот раст и развој и ставаат голем товар врз грбот на личноста која се согласила да ја носи оваа проекција – најчесто нашите партнери.

Сите ние проектираме многу делови од себе кон други луѓе кои потоа го рефлектираат тоа назад кон нас. Во тој несвесен процес ние очекуваме спротивната личност да ја прифати улогата што несвесно сме им ја доделиле или проектирале врз нив и нормално очекуваме тие тоа да го играат за нас.

Со проекција на делови од себеси врз партнерот или лицата кои се доминантни во нашиот живот (шеф, пријатели, дете и др.) очекуваме тие да постапуваат како ние што мислиме. Во тој случај ние ја играме улогата на куклар кој ги влече конците на другата кукла (личност), а со тоа се обидуваме да ја присилиме другата личност (несвесно) да биде кукла која танцува на нашата мелодија.

Но, да не заборавиме дека и другата личност си има своја мелодија, што секако може да биде различна од нашата. Во исто време и другата личност проектира некои свои аспекти врз нас, создавајќи двојна проекција или контрола. Една од најчестите проекции која се прави во секојдневниот (љубовен) живот е проекција на анимата кај машките (женскиот модел кој лежи во несвеста на мажот) и анимус кај жените (машкиот модел кој лежи во несвеста на жената).

Резултатот на оваа проекција е: симбиотска врска помеѓу партнерите. Во некои љубовни врски, ова е основа за заблудата дека тие се две тела, а една душа”. Некои љубовни врски дури веруваат дека си ја нашле својата сродна душа. Луѓето имаат тенденција да се заљубуваат во човек кој несвесно ги потсетува на другата половина од себе. Тие ги гледаат деловите од себе како своја рефлексија во едно огледало, а при тоа во огледалото ја гледаат другата личност.

За да биде уште покомплицирано, треба да сфатиме дека анимата во машките (женскиот модел кој лежи во несвеста на мажот) и анимус-от кај жените (машкиот модел кој лежи во несвеста на жената), се деловите од личностите кои први нè програмирале и кои имаат проектирано свои работи врз нас. А најраното програмирање е усвоено од родителите или како што кажав други значајни личности кои нè чувале или одиграле значајна улога додека сме биле мали. Па така едно момче ќе ја најде својата совршена половина, по урнек на својата анима (женскиот аспект во себе) кој го има создадено и превемено од својата мајка. Кај девојките обратно, тие го избираат својот парнер според внатрешно замислениот анимус (машкиот аспект во себе), кој пак е изграден според карактеристиките на својот татко.

Ова рано програмирање, кое е несвесно, оди до таму што барајќи ја својата друга половина, внатрешната внатрешната анима или анимус, во другата личност, луѓето наоѓаат замена за својата мајка или татко.

Многу бракови и други и врски се всушност сојузи помеѓу различни проектирани парови, наместо помеѓу вистински луѓе. Но која мажите бараат мајка, а жените бараат татко кај својот сопружник, тие го принудат партнерот да игра улога на родител, ставајќи се себеси во улогата на дете. За жал, оваа ситуација на долг рок е неисплатлива и најчесто завршува со болест, развод или несреќен живот. Едно лице може, на почетокот, да биде спремно да ја преземе улогата (тоа се одредува несвесно во фазата на фасцинација и заљубеност) на Родител или Дете (користејќи ја терминологијата од трансакциска анализа и Др Ерик Берн) Но, правејки го тоа, детето во партнерот останува во улога на дете и таа релација неможе да се развива и да цвета, бидејки детето не презема одговорност, има право на испади и на грешки, не води сметка за иднина, за последици итн. Додека другата личност секогаш е во улога на родител и само тој е задолжен за награда, казна, за правила и контрола и други родителски мерки.

Секогаш кога ги имаме проектирано своите делови во другите луѓе ние им ја даваме моќта и контролата врз нас. Слично на тоа, кога прифаќаме проекција на друго лице врз себе, крадеме од себе можност да созрееме и да го искористиме својот целосен потенцијал.

Затоа секој еден треба да разбере дека треба да стане родител на своето внатрешно детенце. Никој не треба да ја предава оваа задача на некој друг ! Сите ние имаме во нас потенцијал да станеме едно интегрирано битие, но мора да ги интегрираме во себе своето дете, да ги освестиме улогите кои ни ги предале родителите или да донесеме нови одлуки наспорти тоа што сме одлучиле на најрана возраст. За да успееме, треба да направиме контакт со себе си и да ги откриеме оние делови во нас кои не плашат или ги криеме од себе, и најважно во тој пат да одолееме на искушението да очекуваме другите да ја играат таа игра за нас. Исто како полирањето на дијамантот, треба да ги ги вадиме внатрешните содржини и за да блеснеме со кристален сјај.

Никој од нас не може да стане целосна и балансирана личност се додека не прифати и преземе одговорност за сите свои делови, одговорност за сопственииот Јин и Јанг, за женскиот и машки принцип во секој еден од нас.

Постојат разни методи со кои може да се постигне оваа рамнотежа но тоа што ме воодушевува последната година е успехот кај учесниците со техниката на Филис Кристал Одврзување од врските кои не ограничувааткоја работи преку симболи кои се користат како алатки за да се дојде во контакт со т.н. внатрешна мудрост и космичките родители, се работи на одврзување од личностите кои не програмирале во детството, потоа се работи на враќање наназад во минатото и ослободување од старите искуства,негативните емоции или одлуки кои стојат закопани длабоко во нас и не ограничуваат во градењето на здрав и автентичен живот со себе и другите. Исто така преку оваа техника на еден многу спонтан начин се доаѓа во контакт со сопствената Анима/Анимус која беше предмет на анализа на овој текст.

Па кој сака да тргне на ова патување, пријавете се и следете не на нашата ФБ и веб страна Healthy Life Skills каде што следат закажувањата за новите работилници по методот на Филис Кристал почнувајќи од месец Август 2018 натаму.

Подготви: Билјана Пешева

Професионален обучувач за возрасни и јога инструктор

www.healthylifeskills.mk

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.