Прочитајте го писмото што Кралицата Елизабета го доби од нејзиниот татко на денот на нејзината венчавка

0

Нејзиното височество сподели еден интимен момент од денот на нејзината венчавка – писмото што ѝ го дал нејзиниот татко, Кралот Џорџ VI. Ова се извадоци од истото.

„Бев толку горд и возбуден што одеше толку близу мене во текот на долгата патека во Весминстер Аби“, ја започнува тој емотивната порака.

„Ама, кога му ја дадов твојата рака на Надбискупот, почувствував дека изгубив нешто многу скапоцено.“

1448315147-syn-hbu-1448312739-syn-ghk-1448309156-gettyimages-2636196

„Ти беше толку смирена во текот на служба, и ги изговараше своите зборови со толкава верба, знаев дека сè ќе биде во ред“, ѝ напишал тој на Елизабета која имала само 21 година кога се омажила за принцот Филип.

„Со гордост те гледав како растеш и како ги следиш сите совети на Мама… која, како што знаеш, за мене е најпрекрасната жена во светот, па знам дека ќе можам да сметам на тебе и на Филип да ни помогнете и да ја продолжите нашата работа.“

1448315152-syn-hbu-1448312744-syn-ghk-1448311402-gettyimages-53261368

„Тоа што нè напушташ остава празнина во нашите животи, ама запомни, твојот стар дом и понатаму е твој… и враќај се колку што можеш почесто. Можам да видам дека си неизмерно среќна со Филип, што е во ред, само, не нè заборавај, тоа е желбата на твојот сакан… Тато.“

Кралот Џорџ почина само четири години по венчавката на Елизабета, патувајќи низ Кенија токму со Принцот Филип. Елизабета стана кралица на 26 години, а сега, 64 години подоцна, таа е британски монарх кој бил најдолго на власт во земјата, со Филип веднаш до неа.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.