Проблемот со чекањето за животот да стане лесен

0

Oва не е наменето да биде тескт за поддршка на тешката работа или да го отежне животот за вас. Јас сум секогаш за правење на работите на наједноставен начин, но сепак, верувам дека животот треба да биде инхерентно лесен и едноставен, што честопати е брзо премин кон незадоволство, лутина и депресија.

Понекогаш работите ќе дојдат лесно до вас и важно е да уживате во тие делови од вашиот живот што изгледаат како да си дошле на своето место. Како и да е, кога луѓето претпоставуваат дека работите всушност доаѓаат лесно и веруваат дека основните аспекти на животот, како што се односите со пријателите, партнерот и работната професија, генерално треба да бидат едноставни, а тоа најчесто води до чувство на разочараност и наивност.
Исто така, може да се чувствуваат како нешто да не е во ред со нив ако најдат делови од животот кои се предизвикувачки и лизгави, додека останатите околу нив изгледаат дека сѐ им е ”мед и млеко”. Кога е нешто тешко да се постигне, луѓето обично го препишуваат на нечија или сопствена вина или карактерна маана.

Разбирливо, ова често води до откажување или ”кревање раце”, чувство на неуспех. Врските, без разлика дали се тоа пријателски или љубовни, доаѓаат до завршеток поради тоа што изгледаат премногу тешки, кариерите се пресечени на половина пат, кога ридот е премногу стрмен.

Па, од каде потекнува верувањето дека животот треба да тече глатко?
Една од причините е дека понекогаш се чувствуваме дека животот треба да е лесен затоа што се споредуваме со останатите луѓе, внатрешно и надворешно. Ако од нашата перспектива изгледа дека на другите сѐ им оди лесно, и од рака, дека исто така треба и на нас.

Тоа се случува како резултат на претпоставката дека ние знаеме точно што се случува во туѓите животи. Всушност, ние знаеме многу малку. Го знаеме она што другите ни го откриваат или што сами сме го забележале.

Немојте да се споредувате со светот. Вие сте своја личност и фокусирајте се на својот пат, на нерамнините и кривините. Верувајте, кога сами ќе ги поминете, чувството е многу поубаво отколку она што го имаме во нас кога работите ќе ни ”паднат од небо” и ќе дојдат лесно во нашиот живот.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот