Проблемите кои не се решаваат стануваат уште поголеми

0

Многу луѓе се способни да ги идентификуваат проблемите во својата околина. Некои се и во состојба да го пронајдат и одговорот на прашањето за тоа што го предизвикало проблемот, што речиси е пола од решението.

Но, тука настанува неволјата.

Наместо својата енергија и сила да ја насочат на решавање на проблемот, многу луѓе се насочуваат кон обратното, им даваат сила на проблемите, додека размислуваат како настанале и кој ги предизвикал. Така проблемите остануваат нерешни подолго време, а резултат е друштво на луѓе кои го знаат проблемот, но никој не е во состојба да го реши.

Па, тогаш, во што навистина е проблемот?

Тој е во нашите мисли, односно во нашата неспособност да донесуваме искрени одлуки кои ќе нè мотивираат да делуваме и да стигнеме до решението. Запомнете, успешните и среќни луѓе поминуваат само пет отсто од времето за да го утврдат проблемот, додека другите 95% проценти од времето ги користат за да пронајдат решение за проблемот.

Психолозите советуваат дека би требало да престанете постојано да ги анализирате сите проблеми истовремено бидејќи така ја губите јасната слика за одреден проблем и немате храброст да стигнете до вистинското решение. Пробајте вака, одберете еден проблем кој го имате моментално, чие решение зависи од вас и сконцентрирајте се само на него и неговото решение, а останатите проблеми и тешки мисли „ставете ги на пауза“. Откако ќе го решите, ќе сфатите дека делувањето за да стигнете до решението е секогаш подобра опција отколку бесконечното анализирање на проблемот.

И запомнете, за секој проблем има решение. Само важно е да го искористете времето за да го пронајдите, наместо да се жалите. Оти проблемот кој не се решава брзо откако настанал, со тек на време станува сè поголем.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар