Пристигнува џебен дрон за правење селфи фотографии

0

Британската стартап компанија ЕрСелфи холдингс изработила џебен дрон за фотографирање или за правење видео записи од воздух. Овој мини дрон е тежок само 52 грама и може да лета три минути на висина до 20 метри.

ЕрСелфи може да се носи под капакот на паметниот телефон, а со него се управува со помош на виртуелен џојстик на телефонот.

Дронот е опремен со камера од 5 мегапиксели која може да снима и HD видеозаписи, а со неа доаѓа и SD картичка од 4GB. За сега ЕрСелфи не може да се користи на сите телефони, но од компанијата најавуваат проширување на моделите телефони за кои ќе биде достапен.

А како функционира?

capture

Откако ќе се снимат фотографиите или ќе се изработи видео записот, снимената содржина преку wifi мрежа се пренесува на телефонот и без проблеми се споделува на социјалните мрежи.

Овој уред веќе може да се порача онлајн и за првите 1000 порачки цената е 199 долари, а за сите останати таа ќе биде 300 долари.

А ако сакате да купите ваков уред во продавница ќе мора да почекате до март 2017 година, кога тој ќе се најде во редовна продажба.

Што да додадеме, освен дека сме среќни што селфи стаповите ќе исчезнат од употреба.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.