Принцот Вилијам има посебен метод за воспитување деца

0

Секој родител користи мали трикови во воспитувањето на своите деца. Тоа е прекрасно бидејќи на тој начин ја покажува љубовта кон своето дете.

Денеска ви откриваме супер интересен трик од Принцот Вилијам кој може да ви помогне да станете поблиски со вашето дете.

Ако ги погледнете фотографиите од принцот и неговиот 3 годишен син Џорџ, ќе забележите дека Војводата од Кембриџ често клекнува пред својот син.

4023255-EN_01217726_3616-1469711093-650-4b7886fa33-1469806923 4023355-EN_01207970_01621-1469770895-650-cfb2e02fbf-1469806923Еднаш, кралицата Елизабет дури и го критикувала својот внук за користење на овој метод на формални настани каде што многу важни гости присуствувале, како на пример кога Барак Обама престојувал во Кралската Палата.

Како и да е, експертите велат дека сите родители треба да го земат во предвид овој едноставен трик.

Кога клекнувате пред вашето дете го гледате детето во очи. Експертите тоа го нарекуваат „активна техника за слушање“, метод со кој на децата им се дава до знаење дека она што сакаат да го кажат, нивните родители го сметаат за важно. Ова исто така помага при поттикнувањето на самодовербата, довербата и помага да разговарате со детето и во најтешките ситуации.

Психолозите исто така им препорачуваат на родителите дека треба да престанат со она што го работат во моментот кога нивните деца зборуваат и да им го посветат ним целото внимание.

Па, следниот пат кога вашето малечко ќе побара внимание, пробајте да седите до него и гледајте го директно во очи додека разговарате. Лесно е, ќе ја подобри неговата самодоверба и да, одобрено е од Кралската фамилија.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар