Примамливи професии кои се штетни по здравјето

0

Секое работно место си има свои предности, но и свои маани. Што би рекле старите, секоја планина, своја тежина. Ви претставуваме листа на професии кои само навидум изгледаат привлечни. Всушност, тоа се стресни професии кои можат да го уништат здравјето на работникот.

Банкари

72d40356-1abb-4157-aa5d-70674bfb5262

Филмовите како “Волкот од Волстрит“ ги покажуваат банкарите и финансиерите како богаташи, кои знаат како да се забавуваат. Сепак, нивниот живот е таков. Повеќето луѓе во оваа сфера работат 80-часовна работна недела, никогаш не легнуваат пред полноќ. Долготрајниот ефект за здравјето од лудиот распоред не е многу добар.

Масери

171bce1f-c2ef-498c-8cf1-26fba8d2182d

Тоа е изненадување. Тие поминуваат часови наведнати над клиенти и додека ги смируваат нивните болки, сами добиваат такви. Најчесто добиваат повреди во рацете, лактите, зглобовите.

Ноќна смена

ceea88ca-aaa2-4440-abfd-0b5f90efa9f2

Иако е многу добро платена, ноќните смени го „збунуваат“ нашето тело на молекуларно ниво. Ова може да доведе до хормонален дисбаланс, дијабетес, срцеви проблеми и други здравствени проблеми.

Пилоти

10735097-5dbc-4400-98ca-a57d5407294e

Оваа професија изгледа одлична, го обиколуваш светот, добиваш добри пари, професијата е почитувана. Но, стаклото на пилотската кабина пропушта доста голем дел од UVA зраците. Извештај на Американската медицинска асоцијација посочуваат дека пилотите кои летаат на висина 9.100 метри на час ја добиваат истата доза штетни зраци како 20 минути во солариум. Овие зраци можат да предизвикаат меланом.

Компјутерски програмери

84e01474-0fe6-4c3f-8471-e3eac85a162b

Тука се вклучуваат компјутерски програмери и секакви други професии, каде не само што се седи цело работно време, но и тоа често продолжува цела ноќ (за да се заврши проектот во дадениот рок). Друг проблем, освен седењето е гледањето во компјутерскиот екран. Лицата кои со часови седат пред екраните освен проблеми со вратот и ’рбетот имаат и предиспозиции за очни проблеми.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот