Приказната за Thomas Burberry (видео)

0

Минатата недела беше пуштено триминутното официјaлно видео за животот за човекот кој го создаде еден од водечките модни брендови – Burberry.

Видеото е во режија на оскаровецот Асиф Кападиа, а по сценарио на Мет Черман, кои ја пренесуваат приказната за основачот на брендот.

Кристофер Бејли, креативниот и извршен директор на Burberry изјави:

„Овој Божиќ, ја славиме 160 годишнината од постоењето на брендот и сакаме да ја раскажеме приказната за Томас Барбери – пионер, иноватор и човек кој стои зад познатиот тренч капут кој со текот на годините стана пример за стил. Филмот кој ние го направивме е кратка ретроспектива на извонредниот исполнет живот на креаторот, проткаен низ историјата на 20 век со сите издигнувања и падови кои се случувале попатно”.

Во видеото се вклучени сите настани кои ја обликувале историјата на компанијата и нејзините вредности.

Асиф Кападиа за целиот проект изјави:

„Филмот е приказна за Томас Барбери – тоа е приказна за Barberry човекот, личноста која го создаде материјалот, од кој потоа се креираше името, кое пак стана моќен моден бренд. Идејата на филмот е да се покаже од каде почнало сè .

Поентата беше да се направи трејлер за филм кој всушност не е направен. Затоа, за да се доловат сите важни моменти заедно, како раѓањето, животот , љубовта, смртта и врските, и да се патува низ времето каде гледаме различни карактери кои се појавуваат постојано – беше вистински предизвик. Епски филмски моменти кои го направија трејлерот комплетен.“

the-tale-of-thomas-burberry-campaign-domhnall-gleeson-on-embargo-until-1-november-2016-8am-uk-time

Главната улога е доверена на ирскиот актер Домнал Глисон кој одлично го доловува модниот магнат. Томас Барбери е роден 1835 година. Toj го измислил габардин материјалот, фина ткаенина од волна и памук која направи револуција во однос на облеката. Габардинот е срцето на тренч капутот на Burberry, кој иницијално бил креиран за  потребите на војската, за со текот на годините да стане едно од најпрепознатливите модни парчиња облека.

the-tale-of-thomas-burberry-campaign2__1478519869_77-29-143-88

Ликот на Сер Ернест Шеклтон го глуми Доминик Вест. Тој е поларен истражувач и покровител на Burberry.

the-tale-of-thomas-burberry-campaign3__1478519903_77-29-143-88

Улогата на Сара ја игра британската актерка Сиена Милер. Првата љубов на Томас и мајката на неговите деца.

the-tale-of-thomas-burberry-campaign1__1478519886_77-29-143-88

Улогата на Бети Досон ја толкува актерката Лили Џејмс, која во моментов е заштитно лице на брендот.  Таа е жена пилот, измислен лик кој е инспириран од од вистинскиот живот и достигнувањата на Бети Кирби – Грин, која во 1937 година имала поставено нов рекорд за повратно патување од Англија до Кејп Таун.

Видео кое ги воодушеви сите и за кое светот жали што нема навистина филм за Томас Барбери.

Да го погледнеме во продолжение ова маестрално дело:

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.