Приказната за чипсот

0

Никој од нас не може да одолее и да не вкуси барем едно пржено компирче или чипс. Ретко кој не ги обожава, иако знаеме дека се непријатели на нашето здравје и витка линија. Денес, на пазарот постојат многу видови на чипс, со различни вкусови и многу брендови. Можеби се чини дека чипсот е од модерното време, но неговите корени датираат уште од деветнесеттиот век.

Оригиналниот компиров чипс е создаден во Њуjорк, околу 1853 година. Во еден хотелски ресторан, незадоволен муштерија постојано ги враќал пржените компири, жалејќи се дека се премногу меки, недопржени и дебели. Главниот готвач збеснал и исекол многу тенки ливчиња од компир, ги испржил во врело масло и ги посолил. Зачудувачки, на муштеријата му се допаднал овој производ, и тие набрзо станале редовна понуда на менито.

Оттогаш па наваму, компировиот чипс почнале да го произведуваат многу компании во САД и Европа, почнале да се појавуваат различни форми, и секако биле додавани различни зачини. Без разлика дали го сакаме обичен, зачинет или вокомбинација со некој сос, чипсот стана незаменливо мезе додека гледаме телевизија или кога сме на гости.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот