Приказната на Капетан и Малена,штркови чија љубов ќе ве наежи

0

Деновиве на социјалните мрежи и регионалните медиуми вистински хит се штрковите Малена и Стјепан и нивната љубовна приказна која трае цели 14 години. Се започнало вака: Пред 24 години во Хрватска, домар на едно училиште училиште ја наоѓа Малена повредена.

Несреќната птица поради повредата на крилјата веќе 24 години не може да оди со својот вид во Јужна Африка, па наместо тоа останува во Хрватска и чека да дојде пролетта, но и нејзиниот сакан, штркот Капетан со кого е во врска цели 14 години.

Иако кон крајот на летото тој тргнува на далечен пат, секоја пролет и се враќа на Малена. Според раскажаното од жителите на местото каде се наоѓаат, во тие 14 години, Капетан еднаш подранил една недела и еднаш задоцнил 2 дена. Сите останати години доаѓа точно на 24-ти март.

Малена секогаш е на својата позиција, а бидејќи штрковите се птици кои цел живот имаат само една љубов, двајцата вљубени ги разделува само природниот инстинкт.

Годинава Клепетан веќе доцни 5 дена, но никој не се откажува од чекањето, а особено не Малена.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот