Приказна за синот кој не се откажал од својата мајка

0

На денот на нивната свадба сопругата, приближувајќи се го прашала: Што бара овде оваа старица?
Веднаш да ја избркаш од нашата свадба!

– Но, тоа е мојата мајка – одговорил младоженецот.

Сопругата инсистирала на тоа да се избрка жената од нивната свадба.

Синот го земал микрофонот и јасно и гласно, да чујат сите присутни викнал:
„Кој сака да ја купи мојата мајка? Денес ја продавам. Која е цената што ќе ми ја понудите за мојата мајка? Ја продавам затоа што мојата сопруга не ја сака…“

Сите зачудено гледале во него… Никој не изустил ни збор.

По извесно време, синот дошол до својата мајка, ја фатил за рака и рекол: Никој не ја сака мојата мајка… Епа јас ја сакам! Така двајцата ја напуштиле веселбата и си заминале во својот дом, оставајќи ја невестата сама со гостите.

По неколку дена, на неговата врата се појавил најбогатиот човек во таа област и му рекол: Слушнав што се случило на свадбата… Ја почитувам твојата постапка и во таа чест ти ја давам раката на мојата ќерка. Верувам дека ако се грижиш за неа така како што се грижиш за твојата мајка, се ќе биде во ред.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот