Причини за прегратка

0

Има ли некој кој не ги сака прегратките? Тие се една совршена конекција помеѓу нашето и телото на онаа личност што ја сакаме и може да променат многу нешта. Гушкајте ги саканите луѓе многу и често. И не само затоа што тие луѓе ви се омилени, туку затоа што прегратките се корисни за вашето здравје.

Истражувањата покажале дека прегратката е неверојатно делотворна при лекувањето на најразлични физички болести, како и при осаменост, депресија, анксиозност и стрес. Во една студија направена на Универзитетот во Северна Каролина, истражувачите откриле дека прегратките го намалуваат нивото на стрес, односно нивото на хормонот кортизол.

Во друго истражување на тема „прегратки“ направено во Австралија со учество на речиси 60.000 луѓе се покажало дека допирот има важно влијание врз телесното здравје на еден човек. Докажано е дека допирот со телото кое го сакаме го намалува крвниот притисок, го нормализира пулсот, го зајакнува имунолошкиот систем и ја намалува телесната болка.

Двете студии потврдуваат дека прегратките се корисни и за нашето ментално и за нашето телесно здравје, па затоа гушкајте се долго и силно!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот