Причини поради кои водата од киселите кратавички не треба да ја истураме

0

Сите ние го правиме тоа: кога теглата од киселите краставички ќе се испразни, течноста ја истураме во мијалникот. Но, кога ќе ја погледнете оваа листа ќе видите дека течноста може да се употреби за неколку корисни работи.

Против мамурлак

После ноќните забави и многу испиен алкохол вашето тело е дехидрирано, а мамурлакот е незибежен наредниот ден. Пред да легнете да спиете напијте се течност од кисели краставички и ќе видите дека наредниот ден ќе ви биде многу подобро кога ќе се разбудите.

Спречува грчеви и болки во мускулите

Многу тренери препорачуваат да се напиете 1/4 од чаша течност од кисели краставчки и вода после секој тренинг, за да го освежите своето тело.

Против настинка и болка во грлото

Кога ќе се јават првите симптоми испијте една лажица од оваа кисела течност. Оцетот еднакво е добар како и сирупот против кашлање, а и природен е.

За готвење

Можете да ја користите оваа течност за вашата салата во замена на оцет. Можете да ја помешате со јогурт, за да направите сос за зелена салата, салата од јајца, риба и компир. Некои ја користат за маринирање на месо.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот