Причина повеќе да ги сакате чоколадото, виното и цвеќињата

0

Сите сме љубители на чоколадо, рози и вино, но дали знаете дека овие слатки задоволства влијаат и на нашето здравје?

Дознајте на кој начин во продлжение…

Чоколадо? Одберете црно
Колку потемно чоколадо одберете толку подобро. Овој вид на чоколадо изобилува со антиоксиданти.
Какаото е богато со антиоксиданти флавоноиди наречени флавионоли.
Овие антиоксиданти го стимулираат кадиоваскуларниот систем, особено флексибилноста на вените и артериите.
Истражувањата покажаа дека и една коцка на ден  влијае позитивно за одржување на крвниот притисок.
Покрај ова, црното чоколадо ја намалува желбата за слатки и храна која дебелее.
dark-chocolate
Рози- време е за ароматерапија
Цвеќето или подобро кажано цветот и самото растение, се користи во медицината илјадници години наназад.
Билки со најмногу антиоксиданти се: каранфилче, оригано, цимет, мудрец, мајчина душица, нане, роза, лимон и многу други.
Тие нудат многу предности во ароматерапијата, од зголемување на расположението до смирување на сувата и иритирана кожа. Покрај тоа, многу од овие растенија влијаат и на здравјето на телото и заштита од настинки и болести.
roses-05

Црвено вино
Многу студии потврдиле дека умерено конзумирање на вино значајно ја намалува смртноста од кардиоваскуларните заболувања.
Хипократ виното го користел како антисептик, седатив, во подобрување на работата на дигестивниот систем и како дел од секојдневниот начин на исхрана.
Овој антиоксидант овозможува да го чувате здраво телото во текот на целата година, кознумирајќи само една чаша на ден.
redwine

На здравје!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.