Претставата “Хари Потер и Проколнатото Дете“, станува книга

0

Веста за продолжување на серијалот за омилениот волшебник, Хари Потер во вид на театарска претстава, која ќе биде насловена “Хари Потер и проколнатото дете“ и ќе се игра во Лондонските театри ова лето, е пречекана со огромно воодушевување помеѓу многубројните љубители на сагата за младиот волшебник. А овие денови пристигна уште една одлична вест, а тоа е дека оваа театарска претстава ќе биде објавена и како книга, и тоа во два примерока.

Сценариото за кое е задолжен Џек Торн, сега не води 19 години после збиднувањата во “Хари Потер и даровите на смртта“. Хари сега работи како министер во министерството за магија, и е татко на три деца.

Книгата ќе биде објавена во електронски формат на страницата Pottermore, дигиталната платформа на авторката на Хари Потер-Џ. К. Раулинг, односно во печатена форма во издавачките куќи Литл, Браун и Компани, и тоа во два дела. Премиерата на претставата е закажана за 30 ти јули, а книгата ќе излезе еден ден покасно, точно на роденденот на Хари.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот