Препознавате ли нарциси во вашата околина?

0
Beauty portrait of man looking in mirror

Познавате ли нарцисоидни луѓе? Како се справувате со нивната нарцисоидност? Всушност, знаете ли што е тоа што некоја личност ја прави нарцисоидна?

Според психолозите, „нарцисите“ се екстремно егоистични, имаат претерано големо чувство на лична вредност, сонуваат за неограничен успех и брилијантност, не поседуваат емпатија, исполнети се со завист и исклучително се арогантни.

Нарцисоидните луѓе се големи манипулатори и лесно можат да ве уверат во спротивното – дека се грижливи, пријатни, среќни за вас.

Ако се прашувате дали некој е нарцисоиден или не, ова се дел од работите што нарцисоидната личност никогаш нема да ги направи.

Никогаш не го покажуваат вистинското лице

Манипулираат со луѓето и ги уверуваат дека се нешто што не се. Тие воопшто не се слатки и добри, напротив, пресметливи се и злобни.

Не сакаат сигурност во врската

Тие никогаш нема да ви понудат сигурна и убава врска. Им претставува задоволство секогаш и во сè да се подобри од вас.

Не дозволуваат да ги перцепирате како лоши луѓе

Во нивниот ум тие никогаш не грешат и никогаш не се виновни за ништо. Затоа и не можете да ги обвините за „вашите“ грешки и проблеми. Тие се хранат со помислата дека вам ви е лошо.

Не сакаат да губат контрола

Тие сакаат да контролираат сè, а ако ги испуштат конците од рацете, се вознемируваат и лутат.

Не дозволуваат другите да им кажат дека згрешиле

Ќе се обидат да ве убедат дека белото е црно само ако решат, и нема да попуштат пред фактот дека белото е навистина бело.

Никој не им е рамен

Веруваат дека секогаш само тие се на врвот, а ако се обидете да се ставите на исто рамниште со нив, на секој начин ќе се обидат да ве понижат.

Не ги признаваат своите чувства

Сите имаат чувства, па дури и тие. Но, ги сметаат за слабост, па затоа најчесто покажуваат ароганција пред околината.

Не сакаат да бидат љубезни

Нивното чувство на супериорност не им дозволува да покажат дека се фини и културни, напротив, за нив љубезноста е израз на слабост.

Доколку ги забележите овие карактеристики кај вашите пријатели, кај партнерот, кај некој во семејството, најважно е да не им подлегнувате на ваквите манипулатори. И намалете го нивното присуство во вашиот живот.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот