Премиера на „Злосторство и казна“ во Народен Театар – Битола

0

Вечер во 20 часот во Народен Театар Битола премиерно ќе се игра претставата „Злосторство и казна“ од Фјодор Михајлович Достоевски, а во адаптација и режија на Диего Де Бреа.

Преводот од словенечки го направи Соња Довжал, сценографијата и светлото се на Диего Де Бреа, а костимографијата е на Благој Мицевски.

Во главните улоги настапуваат: Огнен Дранговски, Марија Стефановска, Катерина Аневска, Валентина Грамосли, Марјан Ѓорѓиевски, Иван Јерчиќ, Александар Стефановски и Никола Пројчевски.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот