Премиера на „Трудна приказна“, нова претстава на Театар Комедија

0

Вечерва, со почеток во 20 часот ќе се одржи премиера на најновата претстава на Театар Комедија, „Трудна приказна“. Претставата е работена по текст на Благица Секулоска, а во режија на Лидија Дедовиќ.

Главнте улоги ги играат Јелена Жугиќ, Елизабета Стефановска, Ева Скендеровска, Жаклина Петровска, Валентин Костадиновски – Тино, Атанас Атанасовски, Жарко Димоски, Иле Илиоски, Столе Мицов и Едмонд Сотир.

Музиката за претставата ја направи Димитар Андоновски, сценографијата е на Mилан Несторов, Сергеј Светозарев и Лидија Дедовиќ, а за костимографијата беше задолжена Марта Дојчиновска. На претставата работеа и Милчо Александров (дизајн на светло) и Дарко Данилов (дрон).

Идејата за текстот „Трудна приказна“ потекнува од драмите „Македонска крвава свадба“,„Бегалка“ и „Црнилa“. Но, наместо да ви ја раскажеме нејзината содржина, ќе ве поканиме да ја погледнете, бидејќи ќе биде дел од редовниот репертоар на Театар Комедија.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот