Преку топки за голф до милионер

0

Во животот секогаш треба да се следи сопствената интуиција оти таа сигурно ќе ве донесе до посакуваното место. За ова е потврда и случајот на Глен Бергер од Америка, кој со собирање на голф топчиња станал милионер.
apparently-this-guy-has-made-15-million-diving-for-golf-balls-6-photos-video-7
Останувајќи без работа и без редовни приходи, Бергер пред 14 години дошол до сјајна идеја: да собира топчиња за голф кои играчите ги фрлале во езерцето до неговата куќа во Флорида. Подоцна, активноста ја проширил на цела територија на Флорида.

Според сопствените проценки, тој годишно собира помеѓу 1,3 и 2,7 милиони топчина или околу 4000 топчиња дневно.

Откако ќе ги исчисти, ги продава по еден долар топче. На овој начин успеал да заработи 15 милиони долари од 2001 година па наваму. Вели дека во текот на работата, наоѓал и разни отпадоци фрлени во езерцата и честопати се сетнувал со алигатори, но успевал да се снајде.

Денес, тој е милионер со 15 милиони долари на сметка во банка.