Прекрасна и без шминка

0

Колку пати сте слушнале дека природната убавина е бесценета? Дека нема ништо поубаво од чисто, мазно лице без многу шминка? Колку пати сте поверувале во ова? Време е да ги отфрлите сомнежите на страна.

Најголемиот трик е да нанесете многу малку шминка со која ќе делува како воопшто и да не сте нашминкана. Како да го постигнете тоа? Како да изгледате беспрекорно со само малку напор?

Средете ги веѓите. На лицето коешто нема шминка, тие се во центарот на вниманието. Ако имате светла коса, а темни веѓи, можете да ги осветлите следниот пат кога ќе ја бојадисувате косата. Веѓите секогаш нека ви бидат убаво средени, искубете го вишокот влакненца со чупкалка и веќе ќе делувате средено.

Нагласете го очите. Тоа можете да го направите и без шминка – ставете само малку маслиново масло на нив (со прст или со памукче) и извиткајте ги со виткач за трепки.

Ослободете се од темните кругови под очите. За ова ќе ви треба малку време, но најважен е начинот на исхрана, а темните кругови може да се резултат на недостиг од железо или витамин Б. Исто така можете да нанесувате и крема што ќе има обелувачки ефект на лицето.

За да имате убава насмевка треба да се грижите и за забите. На некоја од редовните контроли кај стоматологот, можете да направите третман за нивно избелување (со тоа да ги отстраните и темните дамки од кафето, чајот и храната) или, пак, да користите пасти за избелување.

Големо влијание на убавината имаат усните. Важно е да ги „потхранувате“ и да ги хидрирате, па затоа користете балсам за усни или повремено премачкајте ги со малку маслиново масло.

Сменете ја бојата на косата или фризурата. На овој начин ќе го освежите сопствениот лик, особено ако долго време имате една иста боја. Промената е важна за да не ви здодее тоа што го гледате секој ден во огледало.

Чистата и здрава кожа е најважниот одраз на вашата убавина. Мијте го лицето редовно, редовно нанесувајте млеко или тоник за чистење и креми за лице, а барем еднаш неделно ставајте маска за лице која можете да ја направите самата.

Наспијте се. Ништо не може да ја истакне вашата природна убавина како фактот дека сте наспана и одморена. Вие и вашата кожа ќе блескате.

И како за крај – секогаш избирајте гардероба според тенот и бојата на косата, бидејќи не секоја боја им одговара на сите.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот