Предлог филмови за овој викенд!

0

Овој викенд Хотел Влахо ви предлага листа од 3 филмови кои може да ги погледнете во пријатната атмосфера во вашиот дом или кинотеките во Македонија.

Топ 3 филмови кои се најдоа на оваа листа за овој викенд се:

1. Бегство на крадци

Станува збор за криминална сага која ги следи животите на елитната единица на Одделот на Шериф од Лос Анџелес и најуспешната екипа на грабежи во државата, додека крадците планираат навидум невозможен грабеж на Федералната Банка.

Жарн: Криминалистички, драма

Глумци: Gerard Butler, Pablo Schreiber, O’Shea Jackson Jr., Curtis “50 Cent” Jackson

2. Дедо Мраз и компанијата

На северниот пол завладува епидемија на грип. Дедо Мраз е во голем проблем, бидејќи сите 92.000 помошници добиваат опасна кивавица која ги приковала за кревет. Кој ќе му помогне сега да ги направи играчките за децата ширум светот?
Одличен семеен филм кој може да го гледате заедно со вашите најмили

Жарн: Комедија, семеен

Глумци: Alain Chabat, Audrey Tautou, Pio Marmaï

3. ПОКЕР КРАЛИЦА

Моли Блум е убава, млада и олимписка скијачка која ја има водено најексклузивната покер игра на деценијата пред да биде уапсена од 17 агенти на ФБИ среде ноќ.

Жарн: Биографски, драма

Глумци: Jessica Chastain, Idris Elba, Kevin Costner, Michael Cera, Chris O’Dowd

Ви посакуваме пријатен викенд!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.