Празничното расположение продолжува! Викендов, маскенбал во Mr.I, Охрид

0

Велат дека најубавите забави се под маски, бидејќи тогаш секој човек се ослободува, може да биде која сака, да биде актер, пејач, спортска ѕвезда, да има професија спротивна од неговата и сето тоа да пружи уште поголемо уживање.

Токму таква забава нè очекува викендов во Охрид – Маскенбал заедно со Жаре Бербер и Бенд 18+ во во Mr.I

Овој петок, 13 јануари, продолжуваме со исто празнично темпо, но под маски. Дозволете гламурозноста на непознатото под маски да открие нови димензии на забава која ветува среќни моменти.

Мr.I  знае како да Ве изненади и да Ви подготви незаборавна забава. Почетокот е во 22 часот, а Вие не ја пропуштајте оваа долгоочекувана вечер.

Придружете ни се и бидете дел од забавата која ќе ја направите Вие под маски заедно со Жаре Бербер и неговиот 18+ бенд…

15935635_10154835143781192_25219915_n

Ноќта на 13 јануари нека добие ново име – маскенбал за кој сите ќе зборуваат долго потоа.

Сè што треба да направите е да ја подготвите Вашата маска, да ги повикате пријателите да го направат истото, и сите заедно да појдете во Mr.I каде што ќе се случува најлудата журка во градот.

Влезот е слободен, а за најдобрите маски следат многу изненадувања.

Резервации и информации:

070 37 70 08

070 30 70 20

Додека другите спијат, Mr.I e тука да ја направи Вашата вечер посебна.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот