Празниците пристигнаа во Burberry – време е за подароци

0

Иако има повеќе од еден месец до новогодишните и божиќните празници, во Burberry веќе владее празнично расположение – многу злато, сјај и светки.

Компанијата деновиве ја претстави Burberry Festive Beauty Collection, колекција што содржи сè што ви е потребно за самите да го креирате својот празничен изглед, текстури и златни тонови што одговораат на секоја тен.

Празничната колекција на Burberry вклучува шминки и парфеми, но и нови производи во лимитирани количини: млеко за тело My Burberry; илуминатор за очи, усни и образи со златен сјај и прав за сјај на образите.

Новата палета за очи и лакови за нокти е во златно пакување, а вклучени се и нови нијанси на Burberry Kisses и на Burberry Kisses Gloss. Во лимитираното издание е вклучен и My Burberry Eau de Parfum со златни светки кои се лепат за телото и му даваат прекрасен Burberry сјај.

Веќе размислувате што да купите за себе, а што за вашите пријателки или за дамите од вашето семејство?

Лимитираното празнично издание на парфемот My Barberry е во златно пакување и веднаш го привлекува погледот. Најпопуларниот парфем на Burberry овој пат можете да го најдете во пакување од 90ml и 50ml. Нотите на сладок грашок и бергамот, споени со фрезија, здравец и златна дуња во срцето на парфемот завршуваат со мирис на роза и пачули, заедно се збогатени со златни светки кои го следат празничниот дух во кој живее овој моќен бренд во моментов.

Ако сакате сјајно тело, изборот е едноставен – My Barberry Shimmering Body Oil, масло за тело кое ги содржи истите мирисни ноти на парфемот, но во понежна верзија.

И камената пудра Gold Glow го има мирисот на My Barberry. Лесно се нанесува со четка заради меката текстура, а бидејќи има златен сјај, можете да ја нанесете на јаболчниците, рамената и на деколтето.

Подлогата за пудра е изработена во златно пакување. Самиот производ ѝ дава сјај и свежина на кожата.

Кремот што ги нагласува јаболчниците, очите и усните, Gold Touch, има нежна текстура и лесно се спојува со кожата.

Овој пат Burberry се реши и за целосна палета на сенки кои се во кафеноо-златни нијанси, за да го дополнат вкупниот празничен изглед на секој жена.

Карминот Burberry Kisses и сјајот за усни Burberry Kisses Gloss повторно се насочени кон празничните нијанси – Gold Shimmer и Parade Red. Во истите овие нијанси е достапен и лакот за нокти.

Знаете дека нема потреба за размислување, нели? Burberry ви го нуди најдоброто и најблескавото за празниците.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.