Правилото “Кој кани тој чести”

0

Кој ќе ве покани на ручек или вечера, тој чести, правило до кое се придржуваат голем дел од луѓето. Но, од секое правило има и исклучок кој понекогаш е добредојден.

Проблемот најчесто настанува кога се прашање маж и жена на состанок. Кога состанокот е од професионален карактер, тогаш е поедноставно. Двајцата се порелаксирани, едниот плаќа, стануваат и си одат.

Кога станува збор пак за состанок на излегување во тој случај како да има доза непријатност и кај едниот и кај другиот. Да, на првиот состанок тој ќе ја плати сметката како знак на галантност или што и да е. Но, како понатаму ако продолжат да се гледаат, дали тој постојано ќе плаќа дали таа треба да плати понекогаш или постојано, како ќе игзледа сето тоа?

Не би требало ова да создава проблеми од причина што секогаш треба работите да се движат спонтано. Тоа што е жена не значи дека треба да заборави на паричникот или што е уште полошо да излезе од дома без него.

at-lunch

За жал, некои жени сметаат дека тоа е нивно право и никогаш нема зошто да се заморуваат со ситници како пари. Ова од друга страна, создава притисок  кај мажите кои имаат чувство на одговорност да плаќаат постојано.

Уште една грешка која не треба да се случува. Сосема е во ред да плаќа и едниот и другиот. Ако тој ги купил билетите за кино, вие платете ги пуканките.

Ако тој честел денеска, вие сторете го тоа следниот пат. Не постојат правила кога веќе сте во врска. На почетокот на истата, можеби заради изгледот и допадливоста е во ред, но понатаму нема зошто да се создава дополнителен притисок.

Убаво е честењето да се случува повремено, но никако тоа да стане навика, ниту на едниот ниту на другиот партнер.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот