Правила за вашиот дом да биде секогаш модерен

0

Доколку планирате да го уредите вашиот ентериер, и сакате тој да изгледа модерно, практично и со нота на елеганција, тогаш важно е да ги почитувате следниве правила за вашиот дом да биде отмен.

Три е магичниот број

Експертите за уредување на ентериери препорачуваат да го засакате бројот три и да го применувате при уредувањето на домот, односно да додадете ист детаљ или украс во три парчиња. На пример, три компактни уметнички слики, три рамки со фотографии на комодата, три малечки столни ламби, три перничиња на троседот…

874-78 (2)

Употребете огледало

Доколку сакате вашата дневно визуелно да делува поголема решението е во поставување на големо огледало на еден ѕид, неутрална боја на мебел и голем тепих.

874-78 (1)

Помалку е повеќе

Полиците преполни со украси и книги нема да направат вашиот дом да изгледа побогато, туку кич и натрупано. Дизајнерите на ентериери цврсто стојат на ставот дека помалку всушност е повеќе. Кога го уредувате домот, употребете го она правило како кога ставате накит на вас, ставете четири украси, па последниот тргнете го настрана. Полицата само со неколку книги може да изгледа отмено или доволен е впечатлив, модернистички часовник, наместо дваесет украси во секој можен агол.

874-78 (3)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот