ПРАВДА: Царство на рамнотежата

0

Оваа карта стои на почетокот на средниот ред, кој го нарековме „Царство на рамнотежата“, бидејќи се наоѓа помеѓу небото и земјата. Секој од нас има двоен товар кој треба да го носи: товарот на нашата невина глупавост и тешката вина што неизбежно доаѓа секогаш кога ќе го гризнеме јаболкото на спознанието.

Двата таса на вагата се празни, подготвени да ја примат човечката двојност. Бројот на оваа карта е осум, вертикален приказ на двата таса на вагата. Седејќи на престолот, оваа голема женска фигура симболизира и натчовечка женска сила. Дополнително, таа држи меч и има војнички шлем, укажувајќи дека во нејзината работа, исто така, е вклучена и машката храброст. Ритуалното значење на нејзиниот меч е жртвувањето. На ова ниво, во низата на Тарот картите јунакот засекогаш го има оставено блажениот мир на несвесното и ја прифатил одговорноста претставена со мечот. Тој мора да понуди некаква жртва, што го симболизира мечот и како жртва да го даде своето инфантилно потпирање на родителите. Во левата рака правдата ја држи вагата, два таса поврзани со хоризонтален лост. Двата таса – симбол на женската приемчивост и дуалност се спротивставени со бескомпромисниот став на машкиот меч. Правдата не гледа ниту во вагата ниту во мечот; таа гледа право напред. Јасно е дека нејзината функција бара повеќе духовна длабочина отколку остро око.

Порака: Правдата ве советува да бидете енергични и непристрасни, но да не претерувате. Можеби треба да бидете и самокритични, но немојте предолго да се задржувате на проблемите. Преголемата грижа би можела да ве порази ако не се исконтролира практично.

 

Подготви: Др. Тарот

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.