Прашања од кои на мажите им е преку глава

0

Секој има свои граници на толеранција, дури и најтрпеливите мажи полни со разбирање не сакаат постојано да слушаат исти прашања. Не сакаат да бидат под будното око на девојката со која се во моментот. Ако ситуацијата би била обратна, жените би полуделе.

Еве кои прашања тие не сакаат да ги слушаат:

Во која насока се движи нашата врска?

Мажите не го сакаат ова прашање бидејќи им се чини очајно. Тие сакаат авантура, предизвик и на почеток на врската нема потреба од дефиниција на нешто кое штотуку започнало. Зошто едноставно не се опуштите и не дозволите времето да ви покаже како таа врска ќе заврши.Ако не сте еден за друг, многу брзо ќе ви стане јасно.

Дали сум дебела?

Сериозно? Ниту еден маж не ја сфаќа смислата на ова прашање. Ова прашање само ја открива вашата несигурност. Затоа наместо да оставите впечаток пред него на несигурна личност, пробајте да му покажате каква личност сте навистина. Ако не сте му се допаѓале на почеток, немало воопшто да бидете заедно и да стигнете до моментот кога ќе го поставите прашањето.

Мислиш на поранешната девојка?

Има причина зошто е поранешна. Со вашето прашање вие ја правите актуелна.

Сакаш да имаш деца еден ден?

Не трчајте со ова прашање. Децата се голема одлука и на луѓе кои се во брак, а не па за двајца на почетокот на врска.

Кога ќе ме запознаеш со родителите?

Тој нека одлучи кога е вистинско време за тоа. Нема потреба да брзате со запознавањето бидејќи тоа додава дополнителен товар кој не и е потребен на врската во тој момент.

Заборавете на овие прашања, не ја дефинирајте врската кога нема потреба затоа и уживајте во убавината и неизвесноста која таа ја носи.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот