Прашања што мора да си ги поставите пред да ја смените работата

0

Ден Кејбл, психолог од САД вели: „Застанете и поставете си ги овие седум важни прашања пред да решите да го смените начинот на работа во вашата компанија.“

Па, ајде, да почнеме…

Колку е голема промената? Промената може да биде во вашето однесување, ама и во организациските шеми. Запрашајте се дали сакате да ја смените работата или да смените нешто во работата што ја имате во моментот.

Како може да реагирате? Денешните вработени се поскептични, пософистицирани, поцинични и пообразовани од претходно. И свесни за светот околу себе. Ама и знаат да се ценат, посебно кога се соочени со конкуренцијата. Затоа, наместо да се плашите од конкуренцијата или да се прашувате како би се снашле со нив на работното место, размислете дека и вие сте им конкуренција на нив, па затоа тргнете без страв во потрага по нешто ново.

Како да тргнете кон промената? Различните начини на размислување носат различна перспектива. Вашите вработени се индивидуи што мора да се вклопат во заедничкото работење. Многу мали промени не водат во еден ист правец, не се кохерентни, водат до конфузија. Затоа, бидете вистински лидер и вие одберете ги промените што ќе ви донесат позитивен ефект.

istock_000050938198_small-2Како да ја предводите промената? Различни вработени реагираат на различен тип на водење. Големата промена треба да биде брза и одеднаш, а потоа да следуваат помали промени. Запомнете, и промената во лидерството е групна активност, затоа што не ве вклучува само вас, туку и вашите подредени. Поттикнете ги да го разберат тоа што го правите и да ве поддржат.

Како ќе ја обликувате промената? Сите вработени поднесуваат иницијативи, па некои од нив мора да ги прифатите. Лидерите мора да им понудат надеж, цел и поттик на своите вработени. Бидете таков лидер.

Кои „приказни“ ќе ги споделите? Лидерите треба да обезбедат јасна цел за своите вработени. Затоа, повремено, на состаноците раскажете им некоја успешна приказна, ама не ваша, туку нивна и поттикнете ги како индивидуи да дадат повеќе од тоа што го давале до сега.

Дали се луѓето основата на вашата стратегија? Единствениот начин да изградите успешна компанија што е секогаш подготвена за имплементирање нови и добри промени, важно е да ги вклучите вработените во тоа што го правите. Секоја компанија работи добро ако секој нејзин вработен се грижи за своето подобро утре, а тоа е истовремено подобро утре и на компанијата.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

Остави коментар