Прашања на кои не морате да одговорите кога сте на интервју за работа

0

Дали знаете дека во голем број на странски земји некои од прашањата кои обично Ви ги поставуваат на интервју за работа се забранети со закон?

Доколку некогаш сте во потрага по работа надвор од нашата држава, не е лошо да знаете со кои потенцијални прашања може да се соочите.  Законите во демократските држави се многу слични, па отприлика прашањата на кои не морате да одговарате се поклопуваат во повеќето наврати.

  1. Дали некогаш сте биле уапсени?

Не е нелегално да Ве прашаат дали некогаш сте биле осудени, но не смеат да Ве прашаат за детали од Вашето досие.

  1. Дали конзумирате алкохол?

Ова е чудно прашање, но во САД неговото поставување се смета за незаконско поради „Americans with Disabilities “, акт донесен во 1990 -та година кој ги штити луѓето кои во минатото биле зависници од алкохол и кои не се должни да го откријат тој податок за себе си.

  1. Дали сте верник?

Религијата е заштитена категорија и идниот работодавец не смее да Ве праша за тоа.

  1. Од која земја доаѓате?

Прашањето е против Законот затоа што дискриминацијата на основ на националност е забранета во сите демократски држави. Во врска со ова, на работодавецот треба да му е важно само дали поседувате работна дозвола.

  1. Дали сте во брак?

Не се овластени да Ви поставуваат било какви прашања во врска со Вашиот брачен статус, имањето деца и Вашите планови на тоа поле, бидејќи во многу земји постои закон за дискриминација врз основ на бременост. Тоа е исто така суптилен начин за да Ве прашаат за Вашата сексуална ориентација, прашање на кое кандидатите за работа не се обврзани да даваат никакви објаснувања.

  1. Колку години имате?

Условот за вработување во компаниите е идниот вработен да биде постар од 18 години. Доколку Ве прашуваат со таа цел е во ред. Сепак, на постарите баратели на работа не смее да им биде поставено ова прашање бидејќи може да постои дискриминација врз основа на староста, односно годините.

  1. Кога дипломиравте?

Тоа исто така е суптилно поставено прашање со цел да се дознае Вашата возраст.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот